Снежана Лупевска Созен е родена во 1973 година во Скопје. Новинарка со 30 годишно искуство. Работела во ТВ А1, а потоа и во други телевизии на разни позиции меѓу кои и главна уредничка во ТВ Телма. Нејзина креација е емисијата „КОД“. Добитничка на повеќе награди од областа на истражувачкото новинарство. Во 2001 година беше заробена во село Танушевци од вооружените единици на ОНА. Работела како новинарка во целото време на војната во 2001.
Интервјуто е снимено во 2016 година.