… некои увидоа да кажам вистина. Што е вистина? А вистината е релативен поим, беше за секој учесник, некои колабираа психички, некои колабираа физички. Имаше луѓе што после директен вооружен судир после 10-на дена, има, мислам знам, еден, така, познаник што почина од срцев удар, доживуваа некои сломови, имаше бракови кои се растураа заради тоа, имаше луѓе што станаа толку тврди што… што… што да се случи око него нема да трепне, а има некои коишто плачат на секаква ситница.
Tag:
Гостивар
Бранејќи си ги интересите и едните и другите, во средина беа припадниците на Ромите.
… луѓето уште се плашат да одат само после Камени мост се плашат да одат во Чаир да одат накај Топаанско Поле имаат предрасуди дека кој знае што таму ќе се случи значи нашите луѓе а и нивните луѓе имаат најверојатно имаат исто така погрешна претстава за нас и многу ми е грдо кога кажувам нивни наши луѓе се осеќам грдо и не знам како да си го поставам тоа како да кажам ние они така да треба да се развие не знам поинаков јазик.