Бранејќи си ги интересите и едните и другите, во средина беа припадниците на Ромите.
Кичево
…навистина сме Албанци, но од Македонија сме… и ние сме оттука.
АРЈЕТА АХМЕДИ: … Дали може да се претставиш?
ФАТИМЕ БЕЉУЛИ: Јас сум Фатиме Бељули од село Жубрино, родена сум во 1953-та година, имам 57 години.
АА: Дали може да го опишеш селото… дали тука живеат Албанци, Македонци… ?
ФБ: Не, во селото живеат само Албанци… ова е мало село и тука сме сите Албанци, нема Македонци тука.
АА: Дали вие лично сте имале контакт со Македонци пред војната 2001-та година?
ФБ: Па, не сме имале многу контакт со Македонци бидејќи немаме Македонци во нашето село…
АА: Овие контакти надвор… дали имавте контакти надвор од селото?
ФБ: Да, сме имале контакти кога се видовме, сме разговарале со Македонци и Македонки… проблеми не сме имале…
АА: Во глобала какви биле овие контакти, да речеме со пријатели или познаници Македонци?
ФБ: Па, добри ни биле односите… не беа лоши
АА: Што мислите, дали имало неправда спрема Албанците пред 2001-та година?
ФБ: Имало… имало неправда, имало многу неправда…
АА: Според вас, какви неправди биле овие […]?
ФБ: Па имало бидејќи…. Не сме имале вработени луѓе ние… сите сме отишле… немаше вработувања за нас, никакви права не сме имале…
АА: Каде сте биле вие за време на 2001-та година?
ФБ: Дома сме биле, дома…
АА: Дома… значи не сте се иселиле?
ФБ: Не, не, овде сме биле.
АА: Што мислите, зошто почна војната на 2001?
ФБ: Па, војната 2001-та почна за да имаме еднакви права… како ги имаат Македонците, да ги имаме и ние правата.
АА: Дали има некој настан што многу ве трогнал во ова време, значи во 2001-та година?
ФБ: Сме имале и тоа многу… дојдоа и го поведоа син ми од неговото работно место додека тој работеше… имавме своја продавница… и дојдоа го зедоа од таму… сме имале многу проблеми, не знам колку […]
АА: Значи, дали сте имале членови на семејството вклучени во конфликтот?
ФБ: Сме имале… мојот син, синот на снаата и на братучедот на мојот сопруг.
АА: Да. Што мислевте вие во врска со ова, значи во врска со нивното учество во војната?
ФБ: Па тие […] имаа намера да војуваат за да бидат рамноправни со Македонците…
АА: Дали се согласи ти да учествуваат, значи во однос на син ти, дали се согласи да учествува во војната?
ФБ: Се согласив…
АА: Да…
ФБ: Се согласив… отиде да војува, и доста се трудеа, но кога се врати од војна, ни дојдоа, го приведоа и го ставија во затвор…
АА: Дали може да ми го опишеш подетално овој случај?
ФБ: Секако, секако… дојдоа и го приведоа на… 18-ти Август… дојдоа и го приведоа син ми, беше во неговото работно место… беше 1 часот попладне… тој додека работеше тука, дојде полиција и ја опколија продавницата и го приведоа син ми. Од тука дојдоа околу 50 полицајци и ја опколија нашата куќа, влегоа насила и направија претрес, ја направија куќата… целиот мебел и сите алишта ги испревртија… со претекст дека бараат оружје… ние немавме нити оружје нити ништо. Ние сме имале многу маки, го зедоа син ми и го држеа 11 месеци во затвор, во притвор. И сме биле во многу лоша ситуација, сме претрпеле многу… го тепале, го малтретирале, не знам како да ви кажам…
АА: Значи овој период донесе многу промени во вашето семејство?
ФБ: Многу. Многу ни донесе, многу, многу, многу ни донесе. Многу сме биле секирани… многу го малтретираа син ми, премногу… и не знам, не… многу лоши нешта сме претрпеле, премногу…
АА: Да. Од што се плашеше најмногу во тоа време?
ФБ: Па, се плашев… бидејќи се плашев дека ќе го убијат син ми, ќе го погубат… не би го имал повеќе… и кога отидовме таму, кога го видовме син ми, не можевме да го препознаеме дека е нашиот син… бидејќи многу го имаа малтретирано, многу го имаа тепано…
АА: Значи го одведоа од работното место?
ФБ: Од работното место, од продавницата… продавницата беше наша, ние таму работевме… од таму дојдоа и го приведоа… и 5 дена не знаевме дали е жив или мртов.
АА: Дали потоа добивте информации каде е, како е?
ФБ: Да, да, добивме информации, веднаш отидовме по неговите траги и отидовме таму го видовме… и така… многу бевме загрижени… многу…
АА: Во врска со апсењето. Значи, за што беше обвинет, како беше обвинет… опиши ми го поопширно периодот кога тој беше во затвор…
ФБ: Да, да, да…
АА: …откога заврши конфликтот во 2001…
ФБ: Да бе да, после крајот на 2001-ва откога го ставија во затвор го обвинија дека е терорист… тој не беше терорист… тој отиде како сите други во војна за својата татковина… тој не беше терорист… тие го жигосаа како терорист… затоа го приведоа и затворија… и неговите другари што биле со него ги обвинија како терористи… тие се бореа за својата татковина… се бореа албанскиот народ да биде слободен, да има еднакви права… за овие нешта… не за да биде терорист…
АА: Во кој затвор беше сместен?
ФБ: Во… притвор беше во Шутка… во Скопје
АА: Цело време беше таму?
ФБ: Цело време беше таму.
АА: Дали имавте можност да го посетите?
ФБ: Сме имале. Сме имале можност… го посетувавме, ни дава можност да го посетиме и го посетувавме, но… ние заеме што сме претрпеле.
АА: Освен… значи освен овој случај, дали имало друг случај, значи некој што ве има трогнато повеќе, значи во овој период?
ФБ: Па откога син ми беше пуштен од затвор не сме имале пречки… него го пуштија од затвор бидејќи беше невин. Оттогаш не сме имале препреки.
АА: Дали може да се повтори 2001-ва?
ФБ: Па не знам, не знам… дали може или не може, не знам.
АА: Што добија Албанците со војната во 2001-ва?
ФБ: Па Албанците добија некои права… но пак не сме еднакви со Македонците. Но некои промени има.
АА: Кои се првенствено тие промени?
ФБ: Па има повеќе вработувања, имаат повеќе права Албанците, има повеќе… тие се.
АА: Да имавте можност, што би промениле вие… ?
ФБ: Пај јас за себе не знам, немам школување но сепак… да променам нешто…
АА: Нема врска… што би сакале да промените, на пример?
ФБ: па би сакала да има повеќе вработувања за нас, да имаат Албанците повеќе права… и ние сме како сите други… навистина сме Албанци, но од Македонија сме… и ние сме оттука.
АА: Да. Дали лично имаш доверба кон македонската страна после 2001-ва?
ФБ: Па и имам и немам… има малку, да…
АА: После сето тоа што се случи, дали мислиш дека можеме да живееме заедно и да живееме во мир со Македонците?
ФБ: Па ако се воведат еднакви права… зошто да не живееме заедно… ние сме едно… едно… Македонија сме сите заедно што сме овде… навистина сме Албанци, но тука сме. Ако ги имаме сите права можеме да живееме пак заедно.
АА: Дали може да се прости 2001-ва и сето тоа што се случи?
ФБ: Тоа не може да се прости… бидејќи мојот син беше невин… многу маки сме имале… и тоа никогаш не може да се прости… тоа никогаш не може да се заборави
АА: Значи и не се заборава?
ФБ: Никогаш! Јас како мајка, и таткото на Сафет… ние никогаш нема да го заборавиме тоа лошо…
АА: Дали има нешто што не сум ве прашала а вие сакавте да го кажете? Значи некоја случка, ситуација… значи нешто што вие сте го доживеале и што беше многу важно за вас?
ФБ: Да беше важно… поважно од тоа што дојдоа и го приведоа син ми немало… полоша работа од тоа кога влегоа на сила и ни ја претресоа нашата куќа, кога излегоа надвор ми кажаа дека го привеле син ми… тоа никогаш не можам да го заборавам… Тоа беше една голема несреќа за една мајка и татко… тоа никогаш не можам да го заборавам…
АА: Значи тие веќе го имаа приведено… го имаа апсено…?
ФБ: Тие прво го привеле него, и го ставиле во комбе, го имаа носено во Скопје… и дојдоа тука… ние не знаевме дека го привеле мојот син… отпосле ми кажаа. Дојдоа овде и направија претрес, отидоа пак во дуќанот, пак дојдоа тука, пак дојде комисија од Скопје… сите беа наоружани… тоа никогаш не се заборава… ние не… никогаш ни човек сме убиле ни ништо… и колку полицајци имаше… сите со автоматски пушки, сите со маски, и што не друго.
АА: Дали беа полицајците Македонци?
ФБ: Сите Македонци беа. Сите беа Македонци, сите беа со маски, сите беа со автоматски пушки во раце… за малку ќе ми го убиеја и малиот син… тој беше мал… враќајќи се, играл фудбал, му излегоа напред и ги вперија автоматските пушки кон него да го убијат. Тогаш излегов јас пред нив и им реков: „Тој е дете […] тој играл фудбал, што имате со него?“ Тогаш застанаа… тоа мака никогаш не се заборава…
АА: Нешто друго?
ФБ: Па има, сега остарев, има многу работи… има но нека остане со толку…
АА: Не, ако има потреба да ги кажете… слободно […] можеш да се изразиш… или ако има нешто што не стигнав да те прашам за тоа што ти сакаш да зборуваш…
ФБ: Да бе да… разбрав. Има во животот… да беше мојот син виновен немаше да се секирам… но без трошка вина дојдоа, го приведоа, го тепаа, го истрошија… сме отишле во Скопје секој втор – трет ден… оди во Скопје, таму тој во затвор, со проблеми, тепан, малтретиран… и не знам, не… како сме ги поминале тие 11 месеци, многу, многу лошо беше… многу…
АА: Дали се промени неговиот живот отпосле?
ФБ: Се промени… после затворот се вери, се ожени… сега е во Швајцарија, многу е добро… ама тоа лошо никогаш не се заборава… сега има среќен живот но сепак…
АА: Нешто друго… имаш ли?
ФБ: Не знам…
АА: OК, многу Ви благодарам.
ФБ: Нема на што…