Home Книги

Книги

Книги

Книгата „Растење со војна/Rritje me luftë“, издадена во 2009 г., содржи 10 животни приказни (на македонски и албански јазик) на лица, кои биле млади за време на војната во 2001 г.

Книгата „13 женски приказни за една војна/13 tregime femërore për një luftë“, издадена во 2011 г., содржи животни приказни (на македонски и албански јазик) на 13 жени во врска со војната во 2001 г.

Книгата „Огништа/Vatra“, издадена во 2013 г., содржи 12 животни приказни (на македонски и албански јазик) на раселени лица од војната во 2001 г.

Книгата „Извини, ама ти си од погрешна националност/Më fal, por ti je nga kombësia e gabuar“, издадена во 2014 г., содржи 13 животни приказни (на македонски и албански јазик) на лица, кои припаѓаат на немнозинските етнички заедници во своето место на живеење.

Книгата „Воени приказни на прилепските ветерани од 2001/Rrëfime lufte të veteranëve të prilepit nga viti 2001“ содржи 13 интервјуа направени во 2019 и 2020 година со воени ветерани од Прилеп. Книгата е печатена, а може да ја симнете во PDF формат.

Книгата „Образованието пред и по 2001 : искуствата на наставничкиот кадар со
нашето конфликтно минато/Arsimi para dhe pas vitit 2001: përvojat e kuadrit arsimor me të kaluarën tonë konfliktuale“ содржи 11 интервјуа направени во 2020 година со наставници и наставнички од Македонија. Книгата е печатена, а може да ја симнете во PDF формат.