… те прашуваат: „Зашто не се вратите? Па кога мислите да се вратите, значи, па, зарем сè ќе оставите?“ Значи те прашуваат како… излегуваше од контекстот на муабетот дека ние сме самите виновни за тоа што се случи.
Tag:
Арачиново
… некои увидоа да кажам вистина. Што е вистина? А вистината е релативен поим, беше за секој учесник, некои колабираа психички, некои колабираа физички. Имаше луѓе што после директен вооружен судир после 10-на дена, има, мислам знам, еден, така, познаник што почина од срцев удар, доживуваа некои сломови, имаше бракови кои се растураа заради тоа, имаше луѓе што станаа толку тврди што… што… што да се случи око него нема да трепне, а има некои коишто плачат на секаква ситница.
Никад не можам. Сам на себе не можам да го опростам а камоли на друг да го опростам. Самиот сум виновен, викам, зашто да се случи токму тое у родниот крај мој.