Садије Алити е родена во село Глоѓе, општина Теарце. Повеќе од две децении работи како професорка по албански јазик и книжевност во Теарце, но таа исто така е преведена поетеса и учесничка во повеќе книжевни настани, како и граѓанска активистка. Таа исто така работела како новинарка за весникот “Факти”, вклучувајќи го и периодот на војната во 2001 година.
Интервјуто е снимено во 2020 година.