Лидија Цветкова е професорка по македонски јазик и литература со повеќе од 30 години работно искуство. Вработена во средното техничко училиште „Наце Буѓони“ во Куманово.
Интервјуто е снимено во 2020 година.
Лидија Цветкова е професорка по македонски јазик и литература со повеќе од 30 години работно искуство. Вработена во средното техничко училиште „Наце Буѓони“ во Куманово.
Интервјуто е снимено во 2020 година.
Немаш доверба веќе, ниту во… да речам… глуп термин: нашите – вашите, меѓутоа така е, ниту во своите, ниту во никој друг. Функционираш некако поинаку, свесен си дека нема роднина, свесен си дека нема комшија, свесен си дека си сам и свесен си дека ќе туркаш како умееш и знаеш и те боли тоа бидејќи ние сме суштества на кои им треба, нели, и пријател и комшија и човек кој ќе ти дојде, ќе ти помогне и збор еден да ти каже добар…
Ферски да се настапи би имало соживот, да се сфати дека на сите тука ние е место, и дека тука можеме да просперираме сите заедно да… да унапредиме, да живееме, дека заедно можеме да живееме, сами не можеме.
… некои увидоа да кажам вистина. Што е вистина? А вистината е релативен поим, беше за секој учесник, некои колабираа психички, некои колабираа физички. Имаше луѓе што после директен вооружен судир после 10-на дена, има, мислам знам, еден, така, познаник што почина од срцев удар, доживуваа некои сломови, имаше бракови кои се растураа заради тоа, имаше луѓе што станаа толку тврди што… што… што да се случи око него нема да трепне, а има некои коишто плачат на секаква ситница.
Никад не можам. Сам на себе не можам да го опростам а камоли на друг да го опростам. Самиот сум виновен, викам, зашто да се случи токму тое у родниот крај мој.
… порано кога се одеше по канцеларии, кога некој збор не можеше да го кажеш на македонски бидејќи не можеше да се сетиш, те исфрлуваше службеникот од канцеларија.
… луѓето уште се плашат да одат само после Камени мост се плашат да одат во Чаир да одат накај Топаанско Поле имаат предрасуди дека кој знае што таму ќе се случи значи нашите луѓе а и нивните луѓе имаат најверојатно имаат исто така погрешна претстава за нас и многу ми е грдо кога кажувам нивни наши луѓе се осеќам грдо и не знам како да си го поставам тоа како да кажам ние они така да треба да се развие не знам поинаков јазик.